Во центарот на вниманието на нашата ракометна јавност денска ќе биде дуелот меѓу Вардар и Мелсунген од главната рунда во Лигата на Европа.
Како дел од 2 коло во групата 3 , германскиот тим Мелсунген кој е лидер на табелата со шест бода, доаѓа во Скопје на мегдан против нашиот преставник Вардар кој се бори за пласман во осминафиналето од ова натпреварување. Вардар е на делба од второто до четвртото место заедно со Бенфика и Кристијанштад со по два бода.
Германците се решина мечот во Скопје да го играат со младинци и д аим дадат шанса на младите ракометари да се покажат на жешкиот терен во „Јане Сандански“. Тоа на некој начит треба да му ја олесни работата на Вардар да освои нови бодови и да ја продолжи битката за осминафинале, односно четвртфинале. Секако ова не треба д аги опушти ракометарите на Вардар кој треба да одиграат максимално и на оваа средба и да дојдат до посакуваната победа.
Покрај дуелот на Вардар и Мелсунген кој се игра од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, во оваа група се игра и натпреварот Кристијанштад – Бенфика кој е на програмата од 18.45 часот.

