Ракометарите на македонскиот првак Вардар, по натпреварите на турнирот во Германија и Супер купот одигран во Струга против Металург се селат во Франција. „Црвено-црните“ од задутре ги почнуваат настапите на уште еден турнир пред официјалниот почеток на сезоната.
Од четврток до недела Вардар ќе биде дел од силниот турнир во Стразбур, Франција, каде годинава учествува по вторпат. Екипите се поделени во две групи. Вардар е слободен на премиерата утре, и своите мечеви ќе ги игра во петок и сабота. Дуелите за пласман се закажани за во недела.
Во групата „А“ заедно со Вардар се и екипите на ПСЖ и Мешков Брест. Во групата „Б“ се Нант, Монтпелје и Веспрем.