Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби
    Ракомет

    Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби

    risteBy riste17/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар повторно покажаа дека знаат како да играат против големиот ривал Еурофарм Пелистер во домашниот шампионат и победија во првата пресметка во Супер лигата со 30:25.

    На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“ во одлична атмосфера, домашната екипа уште од почеток покажа дека е решена вечерва да се радува на сите три бода и константно ја имаше предноста во текот на целиот натпревар. Вардар одлично го отвори натпреварот , направи предност од неколку голови разлика која ја чуваше и надградуваше, за да на одмор заминат со резултат 15:12.

    Во вториот дел Вардар веднаш зголеми на 6 гола разлика, 19:13, предност која ја имаше неколку пати во текот на второто полувреме, а во еден период Еурофарм Пелистер за се закани и намали на 22:20. Сепак повторно во финишот од средбата повеќе концентрација и смиреност имаше кај ракометарите на Вардар кои ја сочуваа предноста и на крајот славеа со 30:25.

    Најдобри кај Вардар беа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ со по шест гола, а Матија Николиќ и Стефан Петриќ погодија по пет пати. Косуке Јасухира како плејмејкер заврши со четири гола, а голманот Мартин Томовски собра 13 интервенции. Кај Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш имаше шест гола, сите во второто полувреме, пред Цветан Кузманоски и Ненад Костески со по пет реализации.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Добра партија на Е. Пелистер, но Кил славеше во Битола

    27/09/2023

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.