Вардар објави дека двајца играчи се позитивни на корона-вирусот по последното тестирање пред стартот на подготовките за мечот против Киелце во Лигата на шампионите, објавија „црвено-црните“.
– Двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два случаја кои се појавија во тимот. Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата“ – стои во објавата на Вардар.
Тренерот Алушовски ќе работи со скратен ростер бидејќи недостасуваат играчите кои имаат репрезентативни обврски како и тие што се позитивни на корона-вирусот.

