Европскиот шампион Вардар денеска во протоколарни посети кај премиерот и претседателот на нашата држава, но исто така најнапред и кај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Град Скопје синоќа беше организатор на свечениот пречек на нашите ракометни херои, а денес на свечен начин им беше врачен чекот на износ од 6.000.000 денари или околу 100.000 евра кои Градот Скопје му ги додели на клубот за освоената титула – Европски првак.
Посакуваме вакви награди да добиваат се поголем број на екипи и репрезентации во многу спортови.