Ракометарите на Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја започнат како бранители на тронот. Токму од таа причина, ЕХФ ги смести „црвено-црните“ во првиот шешир заедно со францускиот ПСЖ, што значи дека четата на Раул Гонзалес, не може да му биде противник на нашиот тим во групната фаза.
Извлекувањето на групите е закажано за 27 јуни а 16-те екипи кои ќе се натпреваруваат во А и во Б групите се поделени во осум шешири. Во вториот се сместени Веспрем и Барселона. Бидејќи тимовите од Франција, Германија, Шведска и од Унгарија не можат да играат во иста група, извесно е дека Вардар во неговата група ќе го добие тимот на Монпелје.
Нашиот втор претставник, Еурофарм Работник, кој ќе дебитира со „вајлд карта“ во елитното натпреварување, ќе биде во четвртиот шешир меѓу 12-ет екипи.