Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар, денеска од 17.00 часот ќе гостува кај Нексе во првиот меч од 1 / 4 финалната фаза во регионалната ракометна конкуренција.
Според најавите од двете страни, „црвено-црните“ колку –толку успеаа да се комплетираат пред натпрeварот во Нашице додека домаќините ќе бидат без бековите, Иван Сршен и Марко Бувиниќ. Треба да се напомене дека Нексе во претходната рунда успеа да го елиминира вториот македонски претставник во СЕХА лигата, составот на Еурофарм Пелистер.
Реваншот меѓу Вардар и Хрватите ќе биде одигран на 15 март во Скопје во СЦ „Јане Сандански’. Победникот од двомечот ќе си обезбеди место на завршниот Ф4 турнир во Задар.

