Ракометарите на Вардар денеска ги очекува тешко гостување на теренот на Киелце во рамките на 8 коло во грфупната фаза во Лигата на шампионите. Нашиот тим се соочува со одредени проблеми во ростерот а тренерот Кокшаров го објави списокот со 15 ракометар кои ќе се појават на мечот во Полска.
На него се запишани: Атман, Чупиќ, Дибиров, Гедбан, Дисингер, Горпишин, Димитриоски, Калараш, Кизиќ, Кугис, Кукуловски, Шишкарев, Пелко, Скубе и Стоилов. Мечот меѓу Кијелце и „црвено-црните“ ќе започне од 18.00 часот. Кил е прв во групата со 13 бодови, Вардарци и Монтпелје се на делба на второто место со по девет бодови. Натаму се наредени Веспрем, Кјелце и Порто со по осум бодови, Мешков Брест има два а Мотор Запорожјесамо еден бод.
Покрај мечот во Полска меѓу Кијелце и Вардар, во текот на денов ќе има уште три средби.Чеховски Медведи-Гог, Веспрем-Мешков Брест и Барселона-Алборг.

