Ракометарите на ППД Загреб му го нанесоа првиот сезонски пораз во СЕХА конкуренцијата на нашиот шампион Вардар откако славеа на домашен терен со 26 спрема 23.
Првото полувреме заврши 14:14 а во вториот дел домаќинот во континуитет имаше предност од два до три гола и на крајот сосема заслужено ги освои бодовите. Во редовите на Вардар најпрецизен беше бекот Криштопанс со четири голови додека во хрватскиот тим се истакна Хорват со шест.
Сега во пресрет на наредното коло двата тима се на делба на првото место на табелата со идентичен фект од пет победи и еден пораз.