Ракометарите на Вардар полесно од очекувањето ја забележаа третата победа во групата „А“ во СЕХА конкуренцијата.
„Црвено-црните“ кои се бранители на тронот, вчера славеа на теренот на Татран Прешов со 29 спрема 22. Тренерот на нашиот состав, Давид Писонеро, вели дека и тој е изненаден од убедливата победа изразена со дури седум голови разлика.
„Одигравме добар меч посебно во второто полувреме кога бевме расположени во нападот. Очекувавме тежок натпревар, затоа сум изненаден што победивме со голема разлика“ – вели Писонеро.