Ракометарите на Вардар загубија од германскиот Кил со 34 спрема 30 и по втор пат не успеаа да влезат во големото финале на светското клупско првенство, Супер Глоуб.
По вчерашната победа против домашниот Мудхар, „црвено-црните“ денеска делуваа исцрпени и без препознатливата агресивност и борбеност што максимално го искористи Бундес-тимот кој на моменти имаше преубедлива предност од 8 до 10 голови. Крилата на Вардар беа најефикасни, Дибиров, Шишкарев и Чупиќ постигнаа по пет голови. На спортивниот дел од теренот Билик даде девет погодоци додека Екберг застана на шест.
Во второто полу-финале Барселона ја совлада екипата на Ал Вехда од Саудиска Арабија со 34 спрема 24 и утре против Кил ќе игра за победничкиот пехар. Вардар пак против Ал Вехда ќе се бори за третото место.