Ракометарите на Вардар меѓу два значајни меча во Лигата на шампионите ќе мора да одиграат средба во регионалната СЕХА конкуренција.
„Црвено-црните“ кои се бранители на тронот, денеска ќе излезат на мегдан со хрватскиот состав Нексе. Тренерот на нашиот тим, Писонеро, на вчерашната средба со новинарите, најави, дека ќе мора да прави голема ротација меѓу играчите за да се штедат силите за претстојниот натпревар во ЛШ закажан на 29. септември кај Мотор Запорожје.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе започне во 20.45 часот во СЦ Јане Сандански. .