Ракометарите на Вардар пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите ја имаат седмата позиција во рангирањето на ЕХФ.
Листата ја предводи унгарскиот состав Веспрем кој според проценките е главниот фаворит за освојување на ЛШ. На второто место е Барселона пред ПСЖ, Кил, Киелце, ПИК Сегед, Вардар, Флензбург, Монпелје и Мешков Брест. Вардарци кои се актуелни шампиони првиот меч во новата сезона ќе го одиграат на 14 септември на теренот во Франција кај Монтпелје. Во објавата на ЕХФ има посебен дел наменет за „црвено-црните“.
„Вообичаено е првото место да му припаѓа на бранителот на тронот, но, за жал, Вардар остана без голем број клучни играчи во текот на летото. Клубот од Скопје ќе има тешка задача во новата сезона а првите неколу недели ќе покажат многу работи“ – се наведува меѓу друготот во текстот на ЕХФ посветен на Вардар.