Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»„Вардарци“ задоволни, но внимателни и свесни дека ништо не е решено
    Ракомет

    „Вардарци“ задоволни, но внимателни и свесни дека ништо не е решено

    risteBy riste23/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот ракометен првак Вардар се врати со оппбеда од Кил,а овој резултат иако го радува секој љубител на ракометот во нашата земја, сепак и не остава простор за многу опуштање. Токму така размислува и стратегот на Вардар Раул Гонзалез кој победата во „Шпаркасе Арена“ стои цврсто на земја и вели дека ништ не е решено и треба да се биде внимателен во реваншот.

    „Многу сум среќен за оваа наша победа, затоа што не е лесно да се игра во ваква сала. Првото полувреме беше приближно перфектно од наша страна, додека во вториот дел имавме и малку среќа. Победивме, но ова беше само едно полувреме од битката со Кил за Ф4 во Келн. Германците имаат квалитет да победат на гостински терен и затоа мора да бидеме внимателни“, изјави Гонзалез.

    Ракометарот на нашата екипа Жоан Канељас, по триумфот кај Кил истакна дека е среќен за победата, но истовремено и потенцираше дека не смее во реваншот да се влезе растеретено.

    „Среќен сум што успеавме да победиме, имавме одлична игра во првото полувреме. Во вториот дел имавме големи проблеми и Кил се врати во натпреварот, но потоа реагиравме, се вративме и ние и задоволен сум како заврши натпреварот. На реванш натпреварот во Скопје сѐ може да се случи, овој резултат не нѐ прави фаворити, затоа мора да играме како да е тоа натпфревар во кој ни е потребна победа и да се однесуваме така на теренот“, изјави Канељас.

    Реванш натпреварот Вардар – Кил се игра следната недела (29.април) со почеток во 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ кој е веќе распродаден за оваа средба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.