Ракометарите на Вардар утре ќе се појават на теренот на Нексе во рамките на 4 коло во регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски, вели дека во ЕХФ
неделата работел само со 7 играчи и два голмана. „Имаме проблеми со повредени, Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Анализиравме и знаеме дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што не чека“ – вели Алушовски. Крилото, Гоце Георгиевски,
вели дека ги очекува добро познат противник. „Немаме многу време. Го анализиравме мечот што го игравме во февруари. Сигурно ќе биде тешко. Ќе одиме на победа. Нексе има нов тренер, но, горе – доле тоа е истата екипа“ – вели Георгиевски.

