Ракометарките на Вардар против рускиот состав Ростов Дон ќе играат во второто полу-финале во Лигата на шампионите на завршниот Ф4 турнир во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта.
Натпреварот ќе се игра на 12 мај а денеска беше потврдено дека мечот ќе стартува од 18.00 часот. Првиот полуфинален натпревар меѓу ЦСМ Букурешт и Ѓер ќе започне од 15.15 часот.
Нашиот тим со сегашниов состав ќе има шанса по петти пат и најверојатно и последен, да се бори за шампионската титула откако во претходните обиди не успеа да го освои врвот на Европа.