Ракометарките на ЖРК Вардар веќе ја одбранија титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, а денеска и утре во Подгорица треба само формално да ја завршатр работата на последните два меча од последниот турнир.
Таму нашите девојки ќе ги добијат и медалите за освоеното прво место. „Вардарки“ имаат само едно реми сезонава во регионалната лига, и седум победи. По осум одиграни натпревари Вардар е прв на табелата со 15 бода, пред Будуќност со 8 и Крим со 4 бодови.
Денеска од 19 часот во СЦ „Верде“ нашиот првак игра дерби со Будуќност, денеска утре се среќава и со екипата на Крим.