Ракометниот клуб Бутел Скопје го продолжи договорот со еден од столбовите во одбраната, Кристијан Василевски. Во тимот остануваат и трите пивоти од минатата сезона, а нови договори беа потпишани со Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.
Во текот на преодниот рок, Бутел Скопје го ангажираше новиот тренер на тимот, Горан Кузмановски, а нови засилувања за ростерот ќе бидат бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев, како и голманот Александар Стојаноски.