По вчерашниот пораз од 32-25, македонската ракометна репрезентација денеск аво Каиро ќе го одигра и вториот пријателски меч со Египет во рамкиите на ЕХФ неделата. И втората средба се игра во истиот термин, во 17 часот.
Избраниците на Кирил Лазаров вчера одиграа одлични 40. минути против тимот на Роберто Парондо, но во завршницата имаа пад, кој на крајот се претвори и во убедлив пораз. Овие дуели за четата на Лазаров се и генерална проверка на тимот во очи на Европското првенство следната година.
Македонија на ЕП 2022 ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска.