Второто издание на ракометниот Супер куп на Македонија вечерва е на програмата во рамките на Струшкиот ракометен турнир со почеток од 21 часот. Во него ќе видиме нова пресметка меѓу градските ривали, Вардар и Металург.
Градското дерби овојпат ќе биде на неутрален терен, и за првпат на отворено. Минатата година, Вардар триумфираше во првото финале на Супер Купот, а тогаш ривал му беше Еурофарм Работник. Во последните четири години на дуелите против Металург билансот е 15 победи за Вардар и само два триумфа на „металурзите“.