Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Велковски: „Португалците негуваат модерен ракомет, треба да најдеме решение за нивната игра“
    Ракомет

    Велковски: „Португалците негуваат модерен ракомет, треба да најдеме решение за нивната игра“

    risteBy riste17/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Португалија е следниот противник на Македонија на Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

    Португалците во првото коло покажаа моќ против Романија, додека ние имавме меч со фаворитот Данска и имавме можност да се надигруваме со една од најдобрите селекции на ова ЕП.

    Пред утрешниот натпревар на брифингот зборуваше и Мартин Велковски кој истакна дека добро им е познат квалитетот на Португалија.

    „Не очекува Португалија, репрезентација на слично ниво со Данска. Видовме на минатото првенство дека поседуваат многу квалитет, стигнаа до самиот крај, но ние ќе ги анализираме нашите пропусти и грешки со Данска, ќе пробаме да ја подобриме нашата игра, се надевама овој натпревар ќе до дочекаме комплетни и ќе дадеме многу повеќе од соочувањето со Данците“, -рече Мартин Велковски кој се наврати и на вчерашниот меч и на позитивните работи и покрај поразот.

    „Најголема позитива е одбраната и покрај тоа што примивме доста голови, бидејќи додека игравме на позициона зона не примивме многу голови, поголемиот број од погодоците ги примивме од нивна транзиција. Доста париравме и „тркачки“, не покажавме слабост кондициски, ротиравме добро и сме подготвени за Португалија.

    Двете селекции играат слично затоа што и Португалија сака транзиција, играат на многу голови, тоа го видовме и против Романија. Играа модерен ракомет, ама ќе можеме да парираме на таа игра. Техничките грешки се проблем бидејќи при истите примаме контра голови, ако ги намалиме ќе биде многу полесно“, -изјави нашиот репрезентативен бек.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.