Ракометарот на нашата репрезентација, Мартин Велковски, кој не доби шанса да се појави на вчерашниот меч со Украина на стартот на Европското првенство, вели дека противникот не можел да не изненади бидејќи бил добро анализиран.
„Бевме подготвени за нивната игра 7 на 6, гледавме многу видеа, но, падна концентрација на пет разлика кога можевме да го завршиме натпреварот. Дозволивме да направат камбек, на крајот дури израмнија, но најискусниот ја презеде одговорноста и го реши мечот“ – вели Мартин Велковски.
„Мислам дека сосема заслужено победивме бидејќи водевме во текот на целиот натпревар. Има одредени моменти кои треба да ги анализираме за да не се повторуваат“ вели Велковски.

