Репрезентативецот на Чешка, Јан Весели, поради повреда на коленото нема да се појави на кошаркарскиот Мундијал во Кина, објави неговата матична федерација. Тоа значи дека 29-годишниот член на Фенербахче нема да игра за Чесите во нивниот премиерен настап на светските шампионати.
„За жал, нема да учествувам. Здравјето е пред се и мора максимално да се опоравам. Со нетрпение го очекував собирот, но, поради здравствени проблеми нема да учествувам“ – искоментира Весели кој беше прогласен за МВП во регуларниот дел во претходната сезона во Евролигата.
Неговата селекција на Светското првенство ќе настапи во групата во Шангај во која ќе бидат и САД, Јапонија и Турција.