Некогашниот предводник на РК Вардар и на македонската ракометна репрезентација, Веселин Вујовиќ денеска е именуван за нов тренер на хрватскиот вицешампион Нексе. Вујо ќе биде замената за Бранко Тамше.
Вујовиќ ги договорил сите услови со водечките луѓе на Нексе и во наредните неколку дена ќе го преземе клубот од Нашице, кој има за цел да ја прекине доминацијата на Загреб во хрватскиот ракомет.