Екипата на Веспрем и официјално е третиот учесник на завршниот турнир во СЕХА лигата, откако по службен пат ја доби четвртфиналната пресметка со Војводина.
Српскиот шампион требаше да патува во Веспрем, на реванш-средбата од четврфиналната фаза, но поради новите мерки кои се воведени во Србија, тие го откажа гостувањето и кај унгсрскиот гигант, па според тоа Веспрем сега ќе им се приклучи на Мешков Брест и ППД Загреб кој веќе обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Задар. Овој натпревар требаше да биде само формалност поради резултатот од првата средба и разликата во квалитет, но сепак корона кризата го направи своето.
Последниот патник во Задар ќе биде познат на 29 август, за кога е закажан реванш дуелот меѓу нашиот преставник и актуелен шампион Вардар и Нексе од Нашице. Вардар на оваа средба влегува со минимална предност од првата средба кога славеше со 31:30 во Хрватска.