Кошаркарот на Денвер , Расел Вестбрук, помина само 9 минути на теренот на мечот со Лос Анџелес Клиперс во рамките на плеј-офот во НБА лигата.
Според информациите тој заработил повреда на левото стапало откако влегол на теренот во втората четвртина. Лекарите ги извршиле потребните процедури за време на паузата, но, играчот не можел да се врати.
Вестбрук додека играше постигна само една тројка. Неговиот тим го загуби мечот со 117-83.

