Монти Вилијамс кој ги води кошаркарите на Феникс Санс е избран за најдобар тренер во тековнава сезона во НБА лигата.
Во гласњето учествуваа 30 тренери од најсилната светска кошаркарска конкуренција. Тој со неговиот тим го обезбеди второто место во Западната конференција со ефект од 51 победа и 21 пораз.
Вилијамс се активираше во тренерскиот дел во екипата на Феникс во 2019 година.

