Вечерва со натпреварот меѓу Еурофарм пелистер и Вардар во салата „Јасмин“ во Кавадарци стартува новата ракометна сезона кај нас. Ова е традиционалниот воведен меч во сезоната, битката за Суперкуп трофејот.
„Пелистерци“ во овој меч влегуваат по трите победи по ред над големиот ривал, а Вардар со новиот тренер Чупиќ се надева дека работите ќе се променат во нивна корист.
Ова е осмо издание на Супер Купот на Македонија, кој се игра од 2017 година, а не се одржа само во 2020 година поради пандемијата. „Вардарци“ имаат четири трофеи, „пелистерци“ два, додека еден трофеј има Алкалоид.

