Попладнево со натпреварот меѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер (17 ч.) во спортската сала „Парк“ во Струмица започнува Ф4 турнирот од ракометниот Куп на Македонија. Од денеска до недела, Струмица ќе биде домаќин на осумте најдобри ракометни состави во Македонија во двете конкуренции, мажи и жени.
Денеска на програмата се полуфиналните пресметки кај мажите. Освен дуелот меѓу Охрид и Е. Пелистер, вечерва од 20 часот е закажан и почетокот на второто полуфинале меѓу екипите на Алкалоид и Вардар. Победниците од двата меча ќе се сретнат во големото неделно финале.
Утре во Струмица на програмата се натпреварите од полуфиналето кај дамите. Таму во првиот полуфинален меч ќе се сретнат ЖРК Пелистер со ЖРК Ѓорче Петров, додека во вториот дуел Спартак ќе игра против екипата на Чаир.


