Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Во Злин по резултат кој ќе не одведе на уште едно Светско првенство
    Ракомет

    Во Злин по резултат кој ќе не одведе на уште едно Светско првенство

    sasoBy saso13/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација вечерва во Злин од 20.15 часот ќе се игра првиот од двата натпревари против селекцијата на Чешка во баражот за пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари 2023 година.

    Нашите ракометари вчера пристигнаа во Злин, а денеска ќе ја подготвуваат стратегијата за дуелот кој ќе го судат турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз.

    Селекторот Лазаров е свесен дека Чешка е подобра од Романија која ја елиминиравме во минатиот двомеч, но најави дека тоа не значи ништо во една ваква клучн апресметка.

    Ондреј Здрахала, првиот човек на чешкиот ракомет во интервју за чешките медиуми, уште вчера најави дека Македонија е силен тим, но тој очекува Чешка да заигра на Мундијалот.

    „Македонија е наш „традиционален“ противник кој сè уште не сме го победиле во квалификации. Сега верувам дека на хартија сме фаворити. Македонија е предводена од легендарниот Кирил Лазаров. Можеби не е истата репрезентација од 2015 година, но сè уште е непријатен противник“, вели Здрахала.

    Македонија ги загуби последните два меча против Чешка кои ги одигравме во рамките на европските пренства во 2018 и 2020 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.