Кошаркарот на Олимпијакос, Томас Вокуп, ќе паузира на одредено време откако не успеа да ја санира повредата на грбот.
Претходно беше објавено дека играчот ќе помине без операција и ќе пропушти околу еден месец но, неговото закрепнување не оди според планот.
Дефанзивецот замина на рехабилитација во Бостон. Вокуп во Евро-лигата има просек од 4,7 поени, 4,7 асистенции и 1,1 украдена топка.

