Денес во Струга продолжуваат натпреварите на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2020“ кој се одржува по 48-ми пат.
Откако вчера беа одиграни првите три натпревари, меѓу кој и дербито Еурофарм Пелистер – Металург, кое го доби тимот од Битола, вечерва ќе настапи и актуелниот европски шампион Вардар.
Денешната програма ќе започне со натпреварот Бутел – Еурофарм Пелистер 2 кој се игра од 17.15 часот. Веднаш потоа ќе биде одигран мечот меѓу металург и Прилеп, каде Металург е голем фаворит. Денешната програма ќе ја затворат Вардар и Охрид ко својот натпревар ќе го одиграат од 21.15 часот.
Секако ова ќе биде добра можност да видиме како изгледа „новиот“ Вардар, предводен од Алушовски со многу нови имиња во составот.