Вториот турнир од АБА 2 лигата каде настапуваат и македонските тимви МЗТ Скопје А. и Работнички, ќе се одржи во Бања Лука. Борац и Игокеа (учесник во АБА конкуренцијата) со заеднички сили ќе го органзираат овој настан на кој секако ќе бидат присутни нашите претставници.
Турнирот е закажан за почетокот на наредната година, поточно во ануари, а според распоредот тоа ќе значи дека во Бања Лука ќе видиме пресметка на МЗТ Скопје и Работнички. Оваа средба е на програмата во 8. коло.
Да посетиме првиот турнир беше во Златибор, најдобро се снајде тимот на Студенски Центар од Црна Гора кој запиша четири победи. МЗТ пак имаше учинок 3-1, додека пак Работнички два триумфи и два порази.
