Ракометарите на Вардар успеаја да се пласираат на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата, но тренерот Веселин Вујовиќ беше незадоволен од завршницата на мечот во кој лесно можеше да се случи ППД Загреб да ја надомести негативата од Скопје.
„Игравме очајно во последните пет минути. Ако не беше така, резултатот ќе изгледаше многу подобро за нас. Морам да признам дека очигледно се мачевме со позициониот напад. Тоа е нешто на што ќе мораме да работиме во наредниот период, ако сакаме да бидеме конкурентни во Лигата на Шампионите“, изјави тренерот Вујовиќ.