Вардар го доби првиот дерби натпревар со Еурофарм Пелистер во оваа сезона од Суперлигата, а тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ даде коментар за тоа како помина мечот во Скопје.
„Во моментите кога имавме целосна контрола над ситуацијата направивме две неверојатни грешки и примивме два гола и влеговме во непотребна нервоза, имаме голем проблем со тоа што немавме доволно измени за да ја задржиме добро одбраната. Има голема разлика од Лигата на шампиони и домашната лига, видовте денес не можев да играм со пет странци кои во ротација многу би ми помогнале, но сепак прва победа, Пелистер играше одлично, еден добар натпреавар, мислам дека публиката уживаше, одиме понатаму, им посакувам многу среќа во Европа, како и на нас и се гледаме во вториот дел од сезоната. Не би размислувал сега за следниот натпревар, но носени од оваа публика можеме се, но Алборг за мене игра најдобар ракомет во Европа. Натпреварот денес го решија неколку украдени топки и дадовме лесни голови“ рече по натпреварот Веселин Вујовиќ, тренер на РК Вардар.