Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вујовиќ: „Ремито е реален исход на мечот, многу екипи ќе загубат овде“
    Ракомет

    Вујовиќ: „Ремито е реален исход на мечот, многу екипи ќе загубат овде“

    risteBy riste16/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Вардар синоќа го имаше својот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, а од Норвешка се враќа со освоен бод кај Елверум.

    Вардар беше блиску до победа, но и до пораз, па можеби овој резултат 27:27 е најреален исход на овој натпревар. Тренерот Веселин Вуjовиќ на својот прв европски натпревар по враќањето во Скопје го прифати овој резултат како реален епилог на натпреварот.

    „Ова беше цврст, борбен натпревар во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи, не создаде поголема предност. Ремито е повеќе од реално. Му честитам на Елверум за тоа што го прикажа. Ние бевме подобри во првиот дел, Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е најреален. Во едно сум сигурен, многу тимови ќе загубат на овој терен. Ние немаме многу време за размислување, веднаш почнуваме со подготовки за следните натпревари“, изјави Вујовиќ по натпреварот со Елверум.

    Вардар во второто коло од ЛШ го пречекува Мешков Брест, а веќе следниот викенд треба да го игра и првото дерби со Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Добра партија на Е. Пелистер, но Кил славеше во Битола

    27/09/2023

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.