Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ беше задоволен од одиграниот натпревар и секако победата на средбата од второто коло од Лигата на шампионите. На прес-конференцијата по натпреварот Вујовиќ рече:
„Се плашев од натпреварот бидејќи знам каква екипа има Мешков Брест. Натпреварот го отворивме со голема мотивација, а ни помогнаа и неколку одбрани од Томовски како и атмосферата која беше присутна на трибините. Некако бевме носени од добрата атмосфера. Шутерите беа расположени, а голманите на Мешков Брест имаа лош ден. Кога влегоа во фазата 5-1 ми беше проблем да играм со браќата Њокас кои уште не се доволно уиграни, па измислив некое решение со Дибиров во средина и со Гаџа. Го решивме тоа и влеговме во мирна завршница. Заслужено победивме. Мешков Брест има многу повредени, а ние ја искористивме оваа ситуација, на крајот сакам да им посакам успех во иднина“, изјави Вујовиќ.
По првите две средби, Вардар има три бода, а веќе следната среда доаѓа нов дуел, а во Скопје гостува еден од лидерите во Групата А, минатогодишниот вицешампион, Алборг.