Вуко Борозан e единствениот „вардарец“ кој се најде во изборот на „идеалните 7“ од реванш средбите во четврфиналето на ЛШ.
Тој вчера беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“ со шест погодоци и заслужено се најде помеѓу најдобрите седум играчи.
Покрај него во изборот на ЕХФ се најдоа и левото крило Доминик Клајн (Нант), средниот бек Миха Зарабец (Кил), десниот бек Недим Ремили (ПСЖ), десното крило Никлас Екберг (Кил), пикерот Јеспер Нилсен (ПСЖ) и голанот на Монтпејле, Винсент Жерард.