Ракометарите на Веспрем беа подобри во ракометната драма во Задар, откако го совладаа ППД Загреб во финалето на СЕХА лигата по подобро изведување на пеналите со 4:2, откако натпреварот заврши со 27:27 (15-13).
Иако хрватскиот тим успеа да се врати од негатива во второто полувреме кое го започна со минус 2 гола, сепак на крајот во пенал рулетот , Веспрем беше поуспешен и дојде до нова титула во СЕХА лигата. Во првото полувреме Загреб играше добро, но не успеа да ја задржи почетната предност и Веспрем замина на одмор со 15:13.
Унгарците и во вториот дел продолжија исто, диктираа темпо и одржуваа позитива, но Хрватите не дозволуваа противникот да направи голема предност.И двете екипи во последната минута имаа шанса да го решат прашањето на победникот, не неуспеаја во тоа, па мораше да се изведуваат пенали.
Петар Ненадиќ и Јахја Омар ги предводеа стрелците со по осум гола, додека Филип Вистороп од Загреб постигна седум во ова финале.