Повеќе од 380 млади ракометари ќе бидат дел од петтото издание на интеранционалниот камп – „Кирил Лазаров 7“ кој традиционално се организира во Охрид. Вчера со пристигнувањето на првата половина од предвидената бројка и официјално започнаа активностите.
„На сите кои се тука во Охрид им пожелувам да имаат успешен престој што подразбира добри тренинзи, да излезат од тука побогати со знаење и со нови пријателства и убаво животно искуство. На нашите тренери им благодарам за прифатената покана“ – изјави на отворањето Кире Лазаров.
Во стручниот тим ќе бидат вклучени Верољуб Косовац и екс-германскиот репрезентативец, Доминик Клај, кој му беше соиграч на Лазаров во францускиот Нант, Покрај нив во наредниот период во кампот ќе се појават и неколку македонски репрезентативци како и познати тренери од Данска и Шведска кои се специјализирани за работа со младите категории.