Денеска во арената во Задар ќе започне завршниот турнир на ракометната СЕХА лига под посебни поради пандемијата со Ковид-19.
Бранителот на пехарот, Вардар 1961, вечер од 20:30 часот во рамките на второто полу-финале ќе излезе на мегдан против хрватскиот состав Загреб. Претходно од 18.00 часот ќе играат унгарскиот Веспрем и белорусиот состав Мешков Брест. Според обложувалниците, „црвено-црните“ и загрепчани имаат еднакви шанси да се пласираат во финалето.
Коефициентот за победа на нашиот состав и за ППД Загреб е идентичен – 2,10. За мечот меѓу Веспрем и Мешков Брест коефициентите се многу поразлични. За триумф на Унгарците е одреден 1.18 до 1,20 во зависност од обложувалницата додека за победа на Белорусите коефициентот се движи од 6 па нагоре.