Денеска во „Викторија Арена“ во Мешков ќе започне фајнал-фор турнирот во регионалната СЕХА Газпром лига. Во првото полу-финале од 16.30 часот ќе играат хрватските тимови ППД Загреб и Нексе додека во терминот од 19.00 часот ќе се сретнат домаќинот Брест и бранителот на тронот, Вардар.
„Црвено-црните“ ќе се обидат да напрвата хет-трик и да дојдат до третата врзана титула или вкупно петтата во досегашните осум сезони. Зад нив е унгарскиот Веспрем со два пехара додека ППД Загреб има еден трофеј.
Еве ги сите досегашни финалиња на Вардарци во СЕХА Газпром лигата.
2011/12 – Вардар – Металург 21-18
2012/13 – Загреб – Вардар 25-24
2013/14 – Вардар – Мешков Брест 29-27
2014/15 – Веспрем – Мешков Брест 32-21
2015/16 – Веспрем – Вардар 28-26
2016/17 – Вардар – Веспрем 26-21
2017/18 – Вардар – ППД Загреб 26-24