Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (20 часот) на домашен терен ја пречекува Грузија во реванш мечот од првата квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година.
За разлика од првиот еч во Тбилиси, на оваа средба во составот на „црвено-жолтите ќе се врати Ненад Димитријевиќ, а со него и Андреј Магдевски, кои поради повреди не отпатуваа за Тбилиси. Ново име ќе биде и Андреј Андоноски.
За пресметката со Грузија во Скопје отпаднаа Андреј Маслинко и Андреј Митревски, кои се повредија токму во Тбилиси. На клупата ќе го нема Драган Бајиќ, кој е позитивен на Ковид-19.
Селекцијата и на денешниот меч ќе ја предводи неговиот асистент, Александар Јончевски.