Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Заврши сезоната во ракометна Франција, ПСЖ е шампион !
    Ракомет

    Заврши сезоната во ракометна Франција, ПСЖ е шампион !

    risteBy riste14/04/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Многу земји на стариот континент одлучија да ги завршат ракометните шампионати во своите земји, а денес тоа го направи и Франција.

    Една од најквалитетни лиги во Европа, се одлучи да ја спушти завесата на сезоната 2019/20, без можност за продолжување за време на летото, како што најавуваат од фудбалските лиги.

    Француската ракометна лига и официјално означи крај на сезоната и го назначи лидерот до пред прекинот, ПСЖ предводен од Раул Гонлзаез за нов шампион. Со 35 бода екипата на поранешниот македонски селектор е единствена непоразена и лидер во шампионатот на Франција. Капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров со Нант стана вицешампион со 29 освоени бода, а покрај, Нант, уште и Ним, Монпелје и Тулуз, обезбедуваат пласман во европските клупски натпреварувања.

    Донесена е одлука сезонава да нема испаѓање од елитното друштво, а следната сезона елитната лига да се зголеми за два тима, со влегувањето на Сесон и Лимож како најдобри екипи до пред прекинот во втората лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер

    27/05/2023

    МВР: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој го удри Филип Талески

    19/05/2023

    Петриќ од Партизан ќе биде ново засилување за Вардар?

    17/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.