Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»„Жан Митрев“ – официјален медицински партнер на Кошаркарската федерација
    Кошарка

    „Жан Митрев“ – официјален медицински партнер на Кошаркарската федерација

    sasoBy saso02/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Клиника Жан Митрев и Кошаркарската федерација на Република Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025–2026, со што Клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации.

    Предмет на оваа стратешка соработка е обезбедување на професионална здравствена грижа, редовни дијагностички и специјалистички спортски прегледи спортска медицина за сите селекции под капата на КФСМ, сениорската машка и женска репрезентација, како и за младинските репрезентации (М16-М20) машки и женски на возраст од 12 до 20 години кои ќе настапуваат на европските првенства во рамки на сезоната.

    „Нашата мисија отсекогаш била да вложуваме во здравјето и квалитетот на животот. Поддршката на спортот, особено на кошарката која обединува и инспирира генерации, е природно продолжение на таа мисија. Оваа поддршка е одраз на нашата верба во младите, во нивниот потенцијал и во потребата од силни, здрави и мотивирани идни лидери. Уверени сме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за унапредување на спортските достигнувања и, уште поважно, за негова поширока афирмација меѓу младите, а нашата експертиза станува дел од успехот на националните репрезентации. Здравјето на спортистите мора да биде приоритет, а ние сме тука да го гарантираме тоа“, изјави д-р Жан Митрев, основач на Клиника Жан Митрев.

    Оваа соработка претставува важен исчекор за КФСМ, обезбедувајќи системска, квалитетна и навремена медицинска грижа за сите категории на кошаркари кои настапуваат под државното знаме.

    „Професионалната спортска медицина е клучен фактор за врвни резултати. Благодарение на ова партнерство со Клиника Жан Митрев, нашите репрезентативци добиваат врвна здравствена поддршка, дијагностика, консултации и континуирана грижа. Веруваме дека ова е модел на соработка кој ќе ја подигне грижата за спортистите на ново, европско ниво“, изјави Томе Главчев, претседател на КФСМ.

    Со овој договор, Клиника Жан Митрев не само што станува медицински партнер, туку и симбол на поддршка за македонскиот спорт, градејќи мост помеѓу врвната медицина и врвните спортски напори.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.