Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Жељко Обрадовиќ поднесе оставка, на потег е Партизан дали ќе прифати !
    Кошарка

    Жељко Обрадовиќ поднесе оставка, на потег е Партизан дали ќе прифати !

    risteBy riste26/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Според информацијата која ја објави „Моцарт Спорт“, трофејниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по серијата разочарувачки резултати ја понудил својата оставка, потег кој одекна во јавноста и кој може да доведе до најголемата тренерска промена во клубот во последните години.

    Иако љубовта на навивачите кон Обрадовиќ кој ја напиша најславната европска тренерска историја е безрезервна, Обрадовиќ знае дека емоциите не носат победи, а во моментите кога тимот во Евролигата загуби на седум од последните осум натпревари, тој решил да ја преземе целата одговорност.

    Сега сè зависи од управата на клубот, која ќе одржи средба со искусниот стратег за да се утврди дали оставката ќе значи и дефинитивен крај на неговиот втор мандат на клупата на Партизан или ќе се бара начин за продолжување на соработката. Несомнено е дека екипата во последните недели игра далеку под очекувањата, но исто така останува и фактот дека харизмата, искуството и лидерството на Обрадовиќ се практично незаменливи.

    Претходно клубот се обиде да ја разбуди екипата со одредени кадровски потреси и ротации, но како што стојат работите, Обрадовиќ овојпат самиот го понуди својот мандат како можност управата да повлече нова, поригорозна линија. Сега одборот предводен од Остоја Мијаловиќ се соочува со тешка одлука: дали да го прифати заминувањето на човекот кој успеа да го врати духот на тимот, полните трибини и препознатливата енергија во клубот по долги, тешки години или да се обиде да го задржи и заедно со него да продолжи во потрага по решенија за кризата на теренот.

    Одговорот на ова прашање се очекува најдоцна до утре, а исходот ќе биде еден од најважните моменти во новата историја на Партизан..

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.