Женската ракометна Суперлига во следната сезона исто така ќе има нов систем и ќе се игра според нов шаблон, тоа беше изгласано на Редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија.
Женскиот ракометен шампионат следната сезона ќе биде со комплетно пресликан систем како оној од Првата лига. Во моментов има 15 женски клубови во Суперлигата, со најава дека е можно формирање на нови екипи.
Предлогот е да се формираат две групи А и Б согласно пласманот оваа сезона. Ако се пријават нови субјекти, тие ќе бидат ставени во последниот шешир. Во случај да има повеќе пријавени клубови, групите ќе се зголемат.
Во вториот дел од шампионатот се пласираат екипите од првото до четвртото место, ако се зголемат групите од првото до петтото место. Ќе се формираат плеј-оф група и плеј-аут група. Во плеј-оф групата ќе се играат натпревари меѓу клубовите дома-гости против екипите кои не се играло во регуларниот дел, а бодовите и резултатите ќе се пренесуваат само со екипите кои се играло во регуларниот дел. Овој предлог беше прифатен и усвоен од сите клубови во македонскиот женски ракомет.