Македонските женски ракометни екипи кои ќе бидат наши претставници во Европскиот Куп на ЕХФ ги дознаа противниците за првото квалификациско коло од ова натпреварување.
Денешната ждрепката која се одржа во седиштето на ЕХФ ракометот беше поволна за поранешниот шампион ЖРК Вардар, затоа што за свој противник ја доби Приштина од Косово, противник кој не би требало да им претставува проблем на ракометарките на Вардар.
Се чини противник по мерка доби и Металург. Тимот од Автокоманда ќе се сретне со Дуделанж од Луксембург, додека екипата на Чаир ќе патува во Фарски Острови, кај шампионот на оваа држава Х 71. Деспина Прилеп пак ќе има најтешка задача, бидејќи за ривал го има шведскиот тим на Скара.
Првите натпревари ќе се играат на 16 и 17 октомври, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.