Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на Металург. Утринава откако им завршил карантинот по две недели, во тимот биле направени нови тестирањата на сите челнови на тимот. Веднаш потоа тренерот ја вратил опремата и се поздравил со играчите и управата.
„Причината за заминувањето е финансиска. Девет месеци немам примено плата. Тоа е премногу“, изјави Кастратовиќ.
Зоран Кастратовиќ пристигна во Автокоманда минатото лето и успеа да го косолидира тимот кој оваа сезона избори пласман во групната фаза од новоформираната Еропска ракометна лига. Тимот од Автокоманда донесе и неколку засилувања пред почетокот на сезоната, меѓу кои и легендата на хрватскиот шампион ППД Загреб, Златко Хорват, но и уште неколку интернационалци.
Поради проблемите со коронавирусот во своите, но и во противничките редови, Металург оваа сезона одигра само еден меѓународен натпревар (оној против Тулуз во Франција), додека во домашната Суперлигата одиграа само три натпревари на кои освои максимални девет бода. Следниот натпреавр треба да го играат на 17 ноември во Шпанија против Адемар Леон, што ќе и биде вториот натпревар од групната фаза на Европската лига, откако дуелот од второто коло против Висла на домашен терен беше одложен.

