Богдан Богдановиќ ќе стане слободен играч со одредени ограничувања по завршувањето на сезоната 2019/2020, пренесуваат медиумите во Сакраменто.
Српскиот кошаркар би можел да бидат ставен на трансфер пазарот во наредното лето доколку не добие продолжување на договорот од страна на „кралевите“. 27-годишниот српски интернационалец игра во главниот град на Калифорнија од 2017 година а во изминатата сезона забележа најмногу бодови во повеќето клучни статистики – 14,1 поен, 3,8 асистенции, 3,5 скока и 1,0 украдена топка.
Во слична ситуација се наоѓа и Бади Хилд, кој исто така ќе има опција да го продолжи договорот со Сакраменто.